Здравство

По Скопје, Битола со најмногу активни ковид- случаи

29.11.2021 15:54

Битола последниов месец редовно е на второто место по број на ковид новодијагностицирани. Од Клиничката болница велат дека тоа се должи на непочитувањето на препораките и ниската имунизација на помладата популација...

Не попушта непопуларната ковид- статистика. По Скопје, Битола последниов месец редовно е на второто место по број на ковид новодијагностицирани. Од Клиничката болница велат дека тоа се должи на непочитувањето на препораките и ниската имунизација на помладата популација.

Ако до пред некоја недела, токму тие го правеа најголемиот притисок врз дневната ковид амбуланта, сега поради нивното неодговорно однесување доминираат највозрасните. За последиците говори и вчерашниот извештај- од 19 починати, пет се од Битола.

Најзагрозената категорија и најгласна кога е во прашање однесувањето на помладите. Стравот е оправдан, ако се има педвид бројката на сѐ уште неизлекуваните.

49 пациенти се хоспитализирани и на дневно болничко лекување. Од Клиничката болница велат дека засега се работи во редовен режим, без да се повлекува доплонителен кадар од другите оделенија.

Стевче Митревски