Министерката за регионален развој на Бугарија ќе ги презентира резултатите од инспекцијата на автопатот „Струма“
Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди инспекција на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања, откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура...

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, ќе ги соопшти резултатите од инспекцијата што беше направена на автопатот „Струма“ по автобуската несреќа на 23-ти ноември, во која животот го загубија 45 лица.
Таа нареди инспекција на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања, откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, што можело да придонесе за фаталната несреќа.
Обележувањето на патот кое не е завршено, како и со заштитните огради кои не се заменети според новите барања, се дел од регистрираните проблеми, како и поголемата дозволена брзина што не одговара на условите на патот.
