Владата ќе одлучува за новите ковид- мерки
Владата на денешната седница ќе одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари, доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 насто...

Владата на денешната седница ќе одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари, доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 насто.
Вчера Комисијата за заразни болести донесе одлука да не се воведат нови рестрикции во Македонија, поради појавата на новиот сој на коронавирусот, наречен Омикрон.
Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата надмина 215.120, има над 8.000 активни случаи.
Според последниот ковид билтен, за едно деноноќие, од направени 1.245 тестирања, регистрирани се 118 новозаболени, а битката со вирусот ја загубиле 18 лица.
