Поддршка

Почна пријавувањето за субвенции за рибарството

30.11.2021 09:17

Почна пријавувањето за субвенции во рибарството. Аплицирањето ќе трае до 24-ти декември годинава. Парите можат да се добијат за порибување на рибниците со купен или сопствен подмладок. Поголема финансиска поддршка ќе добиваат помалите капацитети, а за поголемите таа скалесто се намалува...

Сите субјекти кои набавиле подмладок во периодот од 1- ви јули до 30- ти септември годинава имаат право на финансиска поддршка. Висината на субвенцијата е 40 проценти од вредноста по корисник и може да ја добијат оние субјекти кои набавиле или сами го произвеле подмладокот.

За купен или сопствен подмладок до 2.500 килограми се добиваат 100 проценти од вредноста на утврдената цена на рибите, за количество до 5.000 – 75, до 7.500 – 50 и за купен или сопствен подмладок над 7.500 килограми се добиваат 25 проценти од цена на подмладокот.

Корисници се субјектите кои имаат дозвола и кои се запишани во регистарот на Мминистерството за земјоделство.

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства предност им се дава на оние кои аплицирале порано од останатите.

Сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, документите може да ги достават лично во платежната Агенција или преку пошта.

 

Методија Трајков