СЗО: Омикрон е многу висок глобален ризик
Раните докази за брзата преносливост и реинфекции, кои ги забележаа епидемиолозите загрижуваат, но сѐ уште е рано за целосната слика.

Омикрон е многу висок глобален ризик- предупредува СЗО. Раните докази за брзата преносливост и реинфекции, кои ги забележаа епидемиолозите загрижуваат, но сѐ уште е рано за целосната слика.
„Ова делумно се должи и на фактот што откако дознавме за оваа варијанта, значително го зголемивме нашето тестирање и надзор. Но, првичните докази укажуваат на тоа. Ќе бидат потребни три до четири недели за целосната слика“, изјави Салим Абдул Карим, епидемиолог на универзитетот во Квазулунатал.
Во меѓувреме, сѐ поголем број земји во Европа пријавуваат новодетектирани случаи со омикрон. По Италија, Германија, Австрија, на листата додадена и Шпанија. Во наредните денови се очекува вонреден состанок на европските лидери за заедничка стратегија во борба против новиот предизвик.
Истовремено, фармацевтските компании не губат време. Се работи на нова вакцина која ќе го таргетира Омикрон, доколку постоечките се покажат неефикасни.
