Свет
Барбадос официјално стана република, крај на британската круна
30.11.2021 10:28
На церемонијата на прогласувањето на која присуствуваше и Принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на државата.

Островската држава во Карипско Море, Барбадос по 55-години независност и официјално стана република. Британската Кралица Елизабета втора повеќе ја нема титулата шеф на таа држава.
На церемонијата на прогласувањето на која присуствуваше и Принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на државата.
Островот беше под британска власт од 17 век.
