Претставата „Работи за кои не зборуваме“ на турнеја
Претставата е базирана на вистински приказни, интимни доживувања и животни случувања на голем број различни личности. Низ оваа многу емотивна претстава поединците се поистоветуваат со ликовите и нивните животни приказни, премрежијата, стравовите, болката, тагата и празнината која ја носат во душата...

Македонскиот народен театар и „Wonderland Theatre“ патува на турнеја со претставата „Работи за кои не зборуваме“, во режија на Нела Витошевиќ.Турнејата ќе се реализира во периодот од 30-ти ноември до 27-ми декемри.
Претставата е базирана на вистински приказни, интимни доживувања и животни случувања на голем број различни личности. Низ оваа многу емотивна претстава поединците се поистоветуваат со ликовите и нивните животни приказни, премрежијата, стравовите, болката, тагата и празнината која ја носат во душата. Носители на ликовите се актерите: Драгана Костадиновска, Ивана Павлаковиќ, Исмет Шабановиќ, Сара Климоска и Никола Настоски.
Првата изведба на претставата ќе биде во Центарот за културна деконтаминација во Белград- Србија, потоа во Битолскиот народен театар. Актерската екипа потоа патува за Република Полска каде ќе се претстави во театарот во Радом.
Во втората половина на декември претставата ќе гостува во Босна и Херцеговина и ќе се одигра во рамките на фестивалот Денови на Јурислав Корениќ во Камерен театар 55 Сараево. Турнејата ќе заврши со изведба во Народниот театар „Ацо Шопов“ во Штип.
