Почна пријавувањето за субвенции
Рокот за поднесување на апликациите тече од 17 март, а завршува на 31 мај годинава...

Земјоделците кои го регистрирале своето производство и немаат давачки кон државата, можат да ги поднесуваат барањата за субвенции до подрачните единици на министерството.
Рокот за поднесување на апликациите тече од 17 март, а завршува на 31 мај годинава.
Барањата се поднеуваат во подрачната единица, каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Платежната Агенцијата ги советува фармерите да внимаваат на бројот на трансакциската сметка на која се запишува барањето.
До 15 март се пријавуваа промените во производството и бројноста на добитокот што е еден од условите за добивање на субвенции.
За да користи субвенции, земјоделецот мора да ги има платено сите долгови кон Државата заклучно со 2013-та година.
Годинава за земјоделството се предвидени 140 милиони евра од кои за директната финансиска подршка се 115 милиони.
Методија Трајков
