САД
Татко монструм уби четири деца, меѓу нив и бебе
30.11.2021 10:58
Инспекторите не соопштија други детали, освен дека мајката ги открила телата, повикала полиција, а 29-годшиниот маж се предал без отпор.

Четири деца, меѓу кои и новороденче се пронајдени смртно застрелани во нивниот дом во Ланкастер во сојузната држава Јужна Калифорнија. Убиена е и нивната баба, а како осомничен за грозоморниот чин е приведен таткото на децата.
Инспекторите не соопштија други детали, освен дека мајката ги открила телата, повикала полиција, а 29-годшиниот маж се предал без отпор.
Властите не ги идентификуваа и не ја открија возраста на децата, велејќи само дека едното е доенче, а останатите помлади од 12 години.
