Свет

Земјотрес со јачина од 5,1 степен по Рихтер во Турција

30.11.2021 11:16

Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејско Море.

По невремето кое зеде неколку жртви, силен земјотрес со интензитет од 5,1 степени по Рихтер го погоди западниот дел на Турција. Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејско Море.

Почуствувани се и последователни потреси со јачина од 4,3 и 2,8 степени. Локалните власти, засега немаат извештаи за жртви или материјална штета.