Османи во Рига на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО
Во агендата на Алијансата - прашања од стратешко значење, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, распоредувањето руски војници во близина на источната украинска граница, мигрантската криза меѓу Белорусија и Полска, соработката со партнерите.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи е во Рига на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО.
Во агендата на Алијансата - прашања од стратешко значење, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, распоредувањето руски војници во близина на источната украинска граница, мигрантската криза меѓу Белорусија и Полска, соработката со партнерите.
Во дискусиите е и стабилноста и просперитетот на Западен Балкан и потребата од заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.
