Дебата

Законодавството- важна алка во борбата против трговијата со луѓе

30.11.2021 12:59

Милијарди евра профит од трговија со луѓе заработуваат криминалците. Ковид пандемијата го зголеми бројот на експлоатирани жртви, кај нас на злоупотреба на трудот на децата. Законодавството е важна алатка- не правиме доволно, оценија учесниците во дебатата...

Трговијата со луѓе на криминалците им носи милијарди евра профит, а техниките на регрутирање на жртвите им стануваат флексибилни во зависност од состојбата. Ковид- пандемијата го зголеми бројот на експлатираните жртви. Кај нас, доминира трудовата експлатција, особено на децата.

„Не правиме доволно, ниту на ниво на Европската унија, ниту со целосната поддршка на Обединетите нации. Можеме и мораме повеќе“, оцени амбасадорката за борба против трговијата со луѓе од Шведска, Ана Екстед.

Екстед посочи дека законодавството е важна алатка за сузбивање на овој вид криминал. Како што се работи на спасување на жртвите, потребно е да се работи и на едукација на побарувачите на овие услуги.

Говорниците посочија дека многу невладини организации работат на подигнување на свеста кај потенцијалните жртви, како и на институционално усогласување со европското законодаство и стандарди.

Марина Стојанова Тонева