Пановски: Рестриктивни мерки мора да има без разлика на новиот сој
Епидемиолошката состојба со Ковид-19 во во земјава според здравствените власти е стабилна, засега нема да се воведуваат нови мерки и рестрикции. Сепак, лекарите апелираат дека рестриктивни мерки мора да има без разлика на новиот сој...

Рестриктивни мерки мора да има без разлика на новиот сој Омикрон, апелираат лекарите. Да не чекаме да се повтори ситуацијата со делта варијантата, вели микробиологот Пановски.
„Најдобро е во овој период училиштата да преминат на онлајн настава, или барем на комбиниран модел. Исто така, по 22 или 23 часот не треба да има собирања надвор, а бројката на присутни во угостителски објекти да се редуцира на 30%“, изјави д-р Пановски во утринската програма на МРТ.
За вакви мерки веќе се размислува во повеќе земји, со оглед дека претсои период на поголема флуктуација на луѓето поради божиќните и новогодишните празници.
Владата на денешната седница ќе одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари, доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против Ковид-19 надмине 70 насто.
Вчера комисијата за заразни болести донесе одлука да не се воведат нови рестрикции во Македонија поради појавата на новиот сој, наречен Омикрон.
