Животната средина бара вклучување од сите
Без разлика дали ќе добиеме датум за почеток на преговори, мораме да работиме за подобрување на состојбите со животната средина и климатските промени. Двајцата министри, Димитров и Нуредини, на презентација на истражување на невладините организации за состојбите со поглавјето 27, со став дека сите чинители во оштеството мора подеднакво да се вклучат во промените...

„Ниту ќе биде лесно, ниту ќе биде брзо исполнувањето на критериумите од поглавјето 27 за животна средина и климатски промени“. Со ваков став излегоа учесниците на онлајн промоцијата на првиот Извештај во сенка на граѓанските организации. Министерот Нуредини потенцираше дека за делување, потребно е учество од сите чинители во општеството.
Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, презентираше дел од „Зелениот план“ за исполнување на бараните реформи во ова поглавје.
Политичките сопки не смеат да бидат пречка за делување дома, велат од граѓанскиот сектор.
Во фокусот на ЕУ политиките за животна средина е Европскиот зелен договор кој има за цел воведување на климатски неутрална економија на територијата на ЕУ до 2050 година, преку развивање на чисти извори на енергија и зелени технологии, притоа почитувајќи ги принципите на оддржлив развој.
Катерина Топалова
