Безбедност

Вархеји: Полициската соработка во ЈИЕ клучна за безбедносното партнерство со ЕУ

30.11.2021 13:56

Вклучен е алармот за навремено реагирање на илегални преминувања преку Западно- балканската и Јадранската рута, и зголемениот бројот на Грчко- турската граница. Полициската соработка во Југоисточна Европа е клучна, порача еврокомесарот за прошитување Оливер Вархеји, во видео порака на 22-от состанок на Комитетот на министри...

Полициската соработка во Југоисточна Европа е клучна за безбедносното партнерство со ЕУ, порача еврокомесарот за прошитување Оливер Вархеји на состанокот на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа. Тој повика да се покажат позитивни резултати во кривичното гонење и истраги, и да има осудителни пресуди за тешки сериозни кривични дела.

Вклучен алармот за навремено реагирање за сѐ уште активниот тренд на илегални преминувања преку Западно- балканската и Јадранската рута и зголемениот бројот на илегални преминувања на Грчко- турската граница. Клучот надлежните го гледаат во зајакнувањето на меѓуграничната соработка и продлабочувањето на довербата.

Италијанската министерка за внатрешни работи Лучана Ламорџезе, посочи дека ќе продолжи со нејзината поддршка за миграциските политики и на безбедноста. Упати надеж дека што поскоро сите и формално да бидат дел од европското семејство.

Во ЕУ има проекти во однос на прекуграничната полициска соработка и борбата против организираниот криминал и тероризмот, во вредност од 32 милиони евра за Западниот Балкан и 11 милиони евра во другите источни земји. 

Наташа Гркова- Петрушевска