Јубилеј

Еден век високо образование на Филозофски факултет

30.11.2021 14:13

Филозофскиот факултет како најстара високообразовна институција во земјава го претставува темелот и главното обележје на современата македонска цивилизација...

Еден век високо образование на Филозофскиот факултет означува и еден век градење на државата. На 100 годишниот јубилеј, деканот на Филозофски факултет, Ратко Дуев рече дека создале унија на сите Филозофски факултети во регионот. Унија која успеа да ги победи сите бариери. И политички и културни. Направено е вмрежување кое е за пример, вели Дуев. Филозофскиот факултет од државата добива многу малку финансии, вели деканот, но и покрај тоа, успеваат да функционираат со регионалните размени и со помош на поединци.

Филозофскиот факултет како најстара високообразовна институција во земјава го претставува темелот и главното обележје на современата македонска цивилизација.

Ви го честитам големиот јубилеј и навистина е за почит во секоја смисла, бидејќи Филозофскиот факултет заедно со државата поминуваше низ многу искушенија и остана угледна академска заедница. Нашата соработка е повеќедецениска. Со нас се нашите колеги од Триглав до Црно Море, рече Наталија Јовановиќ, декан на Филозофскиот факултет во Ниш.

Кадри од научни области кои се изучуваат на филозофскиот факултет се потребни за да се надмине кризата што ја предизвика коронавирусот. Така било во минатото, така ќе биде и во блиска иднина. Тоа е нашето бреме кое го носиме веќе едно столетие.

Александра Спировска