Пановски: Потребни се навремени мерки
Доктор Пановски не очекува Омикрон да се рашири во земјава до Нова година, но, смета дека рестриктивни мерки мора да има, за да не се повтори ситуацијата со делта варијантата...

Светските научници сѐ уште ги истражуваат карактеристиките на новиот сој на коронавирусот. Засега има многу контрадикторности, вели микробилогот Никола Пановски. Според докторот, најдобро сценарио би било Омикрон брзо да се шири, а да нема голема смртност, со што би се стекнал имунитет.
Д-р Пановски не очекува новиот сој да се рашири во земјава до Нова година. Сепак, пред новогодишните празници предлага сет мерки кои што би траеле две до три недели.
Важно е, вели доктор Пановски, мерките да се преземат навремено, бидејќи тие даваат резултати за две до три недели. Зборувајќи за ограничувањата за оние без сертификат за вакцинација на глобално ниво, Пановски вели - не гледам која е логиката да се бара сертификат дека некој е вакциниран, кога и вакцинираните се разболуваат и ја пренесуваат болеста.
Пановски заклучува дека од сите досега откриени, делта сојот е највирулентен и најбрзо се пренесува.
Марија Котовска
