Автомагистралата „Струма“ ниту автопат, ниту магистрала
Автопатот „Струма“ има недостаоци, но, пожар е причина за кобната несреќа во која загинаа 45 патници, по анализите на патната инфарструктура, велат бугарските власти. Истргата е во тек, се чекаат дополнителните вештачења...

Многу недостатоци имала автомагистралата „Струма“ изградена согласно стандардите од 2001-ва, кои не соодветствуваат за 2021 година. Ниту може да се нарече автопат, ниту магистрала, велат бугарските експерти. Една од ризичните промени е преиначувањето на дозволената брзина од 90 на 120 километри на час, рече министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, после анализата која ја направила со колегите.
„Тој пат според техничките карактеристики не одговара да биде магистрала. На изглед широк, но наклоните кои не може да ги забележиме со голо око не одговараат, тоа е суштината“, вели Комитова.
Таа не можеше да даде како што рече, едноставно изјава дека факторот лоша сигнализација бил причината, бидејќи метереолошките услови, возилото, состојбата на возачот и други фактори најчесто дејствуваат заедно. Сѐ уште не е расветлено како со толку слаб удар и мала брзина автобусот бил проголтан од пожар за кусо време, вели Комитова.
„Не сакам да изгледа како оправдување, можеби токму таа ограда на многу други патници им била од голема корист. Значи немам едноставен одговор. Доколку некој од вас може да каже да, оградата или банкината е причината, нека се произнесе јас тоа не можам да го сторам“, нагласува Комитова.
Обвинителката Русковска, пак, за МТВ изјави дека треба да се сочекаат вештаците да дадат одговори. Посочи дека биле распитани уште четири сведоци и од другите автобуси кои отфрлиле било какво присуство на пиротехнички средства во автобусите.
Комитова и тимот изјавија дека ќе бидат преземени итни мерки како враќање на ограничувањето на брзината на 90 километри на час и поставување светлечка сигнализација на сите места каде има место за одмор, заградени со заштитна ограда.
Фиљана Кока
