Доктори и магистри чекаат за вработување

19.11.2013 09:36

Магистри и доктори на науки чекаат за работа. За лани бројот со највисока титула што чека вработување е 21, и се намалил во споредба со 2011-та кога имало 35. Сепак, од државниот завод за статистика велат дека податоците не се занемарливи.

Невработени доктори на науки има од различни профили.. ,,најголем дел се од земјоделските и економските науки,,  вели Благица Новаковска –  директорка на Државниот завод за статистика.

Докторатот како степен на научна квалификација не гарантира и не дава големи предности во барањето работно место. Потребна е генерална политика  за вработување,, велат оние кои денеска се стекнаа со титулата.. На одредени науки има пренатрупаност од кадар.  

,,Од друга страна постојат факултети претежно техничките науки каде што имаме релативно малку квалитетен кадар и затоа и нивните плати се поголеми и работните места се подобри за тие кои ја разбираат работат. Односно со правите квалификации во техничките науки никој немал проблем да најде добра работа и добра плата,, истакна Горан Стојановски од факултетот за електротехника и информациски технологии.

,,И на запад нигде кога имаш магистратура диплома ти не добиваш сигурно работно место, него сепак влегуваш да бидеш конкурентен на пазарот на трудот,, изјави Југослав Ачковски од факултет за информатички науки  и компјутерско инженерство . Од државниот завод за статистика велат дека нема добро планирање на потребите на пазарот на трудот.. Според институцијата, потребна е сеопфатна анализа, долгорочна проекција на потребни профили и да се одредат условите за младите да знаат што ги очекува во иднина.

Ана Јосифоска