Претседателските кандидати ја продолжуваат предизборната кампања

01.04.2014 09:24

Кандидатите за претседател на Република Македонија денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Ѓорѓе Иванов, претседателскиот кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе одржи митинзи во Виница и Радовиш, како и помали митинзи во Чешиново-Облешево, Зрновци и Карбинци.  
 
СДСМ со кандидатот Стево Пендаровски, ќе има митинг во Делчево и средби со граѓани во Македонска Каменица, Берово и Пехчево.
 
Коалицијата ГРОМ со својот кандидат Зоран Поповски, ќе одржи митинг во Кисела Вода и средби со граѓани во Петровец, Илинден, Зелениково, Сопиште и Количани.
 
Кандидатот за претседател на ДПА Илијаз Халими ќе одржи митинг во селото Речане, а претходно средби со граѓаните ќе има во Дебреше, Здуње, Равен и Вруток.