Македонија
Лажна пријава за напад ја мобилизираше полицијата во Скопје
01.12.2021 09:29
Ова се случило откако засега анонимно лице се јавило во билетарницата на МНТ во 16 часот и 45 минути по што полицијата реагирала за можен напад како дел од стандардните мерки.
Лажна пријава за напад во центарот на Скопје синоќа ја мобилизира полицијата. Беа евакуирани неколку објекти, кај Македонската опера и балет, Филхармонијата, средното музичко училиште.
Ова се случило откако засега анонимно лице се јавило во билетарницата на МНТ во 16 часот и 45 минути по што полицијата реагирала за можен напад како дел од стандардните мерки.
Утврдено е дека пријавата за напад е лажна, соопшти МВР.
