Македонија
Утрово регистрирани два земјотреса во Кичево
01.12.2021 09:47
Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови од земјава...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово регистрираше два земјотреса чии епицентри се наоѓаат 65 километри југозападно од Скопје, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево.
Првиот настанал во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда од 2.6 и вториот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда 2.9 степени.
Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
