Влада

Награда за матичните лекари со повеќе од 70 отсто вакцинирани пациенти

01.12.2021 09:34

Мерката која пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче е во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата...

Владата вчера на седница донесе одлука за еднократна финансиска награда од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив.

Мерката која пред неколку дена ја најави министерот за здравство Венко Филипче е во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата.

На седницата не се разговарало за другите предлог- мерки што предвидуваат задолжителна вакцинација на здравствените работници и имунизација против Ковид-19 во јавниот и приватниот сектор.