Уметност

Во галерија „КО-РА“ изложба на Игор Станоески

01.12.2021 10:23

Делата се актови кои, според авторот, се инспирирани од микрокосмосот на човекот како реакција на времето во кое живееме.

Изложбата „Криза 2“ од 30-ти ноември е поставена во галеријата „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“. На оваа изложба мултимедијалниот уметник Игор Станоески ги претставува своите 14 дела креирани во последните две години. Делата се работени во техника акрил на платно, а изложбата е надоврзување на претходната негова самостојна изложба со наслов „Криза 1“.

Делата се актови кои, според авторот, се инспирирани од микрокосмосот на човекот како реакција на времето во кое живееме.

Игор Станоески по дипломирањето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Жарко Башески, работи на уметнички истражувања во насока на спојување на класичните медиуми во мултимедијална целина која опфаќа музика, скулптура, цртеж и боја.

Подоцна преокупација му се сликарството и вајарството, па се претставува на повеќе самостојни и групни изложби, како дома, така и во странство.

Изложзата ќе биде отворена до 6-ти декември.