САД
Тинејџер уби тројца ученици во Мичиген
01.12.2021 10:50
Полицијата соопшти дека напаѓач е 15-годишник од втора година во училиштето. Тој е приведен пет минути по доаѓањето на полицијата...

Најмалку три лица се убиени, а шест се повредени при вооружен инцидент во средно училиште во градот Оксфорд, во американската сојузна држава Мичиген. Се верува дека тројцата убиени се ученици, а меѓу ранетите е и еден професор.
Полицијата соопшти дека напаѓач е 15-годишник од втора година во училиштето. Тој е приведен пет минути по доаѓањето на полицијата, и засега не се познати мотивите за насилството , соопшти локалниот шериф.
