Македонија

Стабилна состојбата со Ковид-19 во Вевчани

01.12.2021 12:06

Само 40 ковид позитивини пациенти во регионот на Здравствен дом Вевчани. Повеќето со лесна клиничка слика, нема хоспитализирана во ковид одделот. Речиси сите вработени во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ со седиште во Вевчани и две амбуланти во Велешта и Лабиништа се вакцинирани.

Состојбата со корона вирусот во општина Вевчани е стабилна. Во регионот од 30.000 жители, кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во моментов има само 40 ковид позитивни пациенти.

Повеќето се во стабилна состојба со лесна клиничка слика, во ковид одделот нема ниту една хоспитализиран пациент.

„Ковид состојбата е стабилна, ние овој последниот бран го поминавме и не беше така екстремен како претходните, не само во Вевчани туку и во целиот регион кој го покриваме тое а Лабуништа, велешта Боровец и сите места“ , вели Јован Стојкоски директор на Здрсветсвен дом „Д-р Светозар Чочороски“.

Во здравствениот дом со седиште во Вевчани и две амбуланти во Лабуништа и Велешта, од  вкупно 100 вработени само три лица не се вакцинирани против корона вирусот.

„Во периодот до пред месец дена имавме околу 90% вакцинирани, но во последните 30 дена се довакцинираа би рекол сите. Имаме тројца невакцинирани двајца здравствени работници кои што не се вакцинирани и еден нездравствен работник во администрација“, додава Стојкоски.

И вакцинацијата против корона вирусот се одвива непречно. Во Вевчани  дневно се вакцинираат околу 30- тина лица, а најголем интерес има за трета доза вакцина.

 

Соња Рилковска