Фросина Ременски кандидат за претседател на СДСМ
Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата.
Поранешната пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски, денеска ја достави својата кандидатура за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Пред седиштето на СДСМ, во изјава за медиумите таа наведе дека согласно правилникот и одлуките на Централниот одбор на СДСМ денеска ги предала сите документи за самокандидарање за претседателка на партијата.
Очекувам откако ќе бидат утврдени кандидатите за таа функција дека ќе почнат активностите за промоција и претставување на кандидатите за претседател на СДСМ, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ Фросина Ременски.
Образложувајќи ја кандидатурата таа истакна дека цел и мотив за нејзината самокандидатутра за претседател на партија се досегашните општествено – политички и партиски активности кои ги имала во време кога СДСМ носела тешки одлуки.
Коментирајќи ја кандидатурата на заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски за лидерската позиција во СДСМ, таа рече дека е разбирливо Ковачевски како член на Владата да ја има поддршката, но не мисли дека оваа борба би била на спротивставени идеи, туку борба на умови.
