Филипче: Засега нема задолжителна вакцининација
Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор затоа што заклучиле дека тоа отвора многу сериозни прашања во врска со казнувањето на тие што нема да прифатат вакцинирање, а од друга страна, рече, е и голем финансики товар.

Финансискиот еднократен надомест од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70 отсто со вакцинација од вкупниот број пациенти запишани кај нив ќе им биде даден на крајот на пролетта и почетокот на летото следната година, врз основа на постигнатите резултати, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филпче, откако Владата вчера на 112-та седница ја донесе оваа одлука за да се стимулира вакцинирањето во државава.
Матичните лекари се тие што имаат директен и прв контакт со пациентите и комуникацијата е честа со нив за лекарска услуга, совет итн. И во таа смисла, сметам дека мерката е добро димензионирана и дека реално може да се спроведе. Секако, матичните лекари треба да се свесни колку е важно да се зголеми опфатот со вакцинација, рече Филипче, додавајќи дека мерката е значајна и за државата и здравствемиот систем.
Посочи дека некаде најголем број прикрепени пациенти што ги има некој матичен лекар е околу 2.500, а просекот е околу илјада, така што, рече, сумата за надомест не треба да се занемари.
Засега нема да се применува мерката задолжителна вакцинација или негативен ПЦР-тест во јавниот сектор затоа што заклучиле дека тоа отвора многу сериозни прашања во врска со казнувањето на тие што нема да прифатат вакцинирање, а од друга страна, рече, е и голем финансики товар.
Одредено време ќе се согледува дали ќе помогнат апелите од матични лекари, но, рече министерот, дополнителна мерка во некоја форма вакцината да биде задолжителна не е исклучена, согласно со искуствата и примерите кои ќе ги даваат други земји во периодот што доаѓа.
Некои земји размислуваат и за таа мерка, но мислам дека е се уште рано. Додека тоа се осмисли, треба да се види и провери како овие мерки ќе имаат резултат. Ќе видиме каков ќе биде интересот и опфатот за вакцинациаја во следниот период со оваа мерка за матичните келари. Спремни сме да носиме и други препораки. Мислам дека, генерално во Европа, ова е нешто што ќе се менува. Некои земји размислуваат вакцинацијата биде задолжителна, но очигледно се уште е рано и потребна е комуникација со граѓаните. Гледано низ призмата на здравствениот систем, најпрактичен механизам ни се матичните лекари, истакна Филипче.
