Политика

Ковачевски ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ

01.12.2021 13:30

Според Ковачевски, СДСМ поминува низ еден предизвик, во кој мора да се менува и каде секој член на партијата е значен и секој еден член на партијата ќе го каже својот глас.

Актуелниот заменик министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска официјално ја достави својата кандидатура за претседател на СДСМ.  

Согласно роковите денеска ја поднесов мојата кандиратура за претседател на партијата, заедно со мојата визија и програма – Заедно, одговорно и посветено. Програмата се базира на три столба – социјалдемократска визија и вредности на работењето, економски раст и зголемување на животниот стандард и фер шанса и јасен систем со кој најдорбите ја добиваат одговорноста и шансата, изјави Ковачевски.

Според Ковачевски, СДСМ поминува низ еден предизвик, во кој мора да се менува и каде секој член на партијата е значен и секој еден член на партијата ќе го каже својот глас.

Една од моите основни заложби е да го вратиме единството во партијата и да го вратиме единството во општеството за да можеме да имаме посилни демократски партии и да имаме посилно општество. Најзначајно за нас е да ја вратиме вербата дека можеме сами и мораме сами да го унапредиме нашето општетсво, притоа имајќи го во предвив јасниот пат на нашето општество во европските интеграции, изјави Ковачевски.

Во однос на тоа дека е ќе има силно влијание од Зоран Заев, Ковачевски рече дека за неговото работење и неговиот интегритет ќе ги потврди преку неговото работење и одлуките кои ќе ги носи, доколку биде избран за претседтаел на СДСМ.