Битола: По снежните врнежи сообраќајниците расчистени
Ноќеска и изутрината со 7 до 8 степени под нулата, Битола е еден од најстудените гадови во земјава. По вчерашните обилни врнежи од снег сообраќајниците од прв и втор приоритет навреме расчистени. И овојпат проблемите на замрзнатите коловози на споредните улици и осојничавите сокаци. Битолчани велат, на студ сме навикнати, но стравуваме од енергетската криза и најавата за поскапување на струјата по Нова година...
Иако календарски сѐ уште не пристигнала зимата, температурите веќе под нулата. Со минус седум до осум степени Битола ноќеска и изутрината еден од најстудените наши градови. По вчерашните солидни количини на врнежи, снегот навремено исчистен од сообраќајниците од прв и втор приоритет, но и овојпат замрзнати коловози на споредните улици и осојничавите сокаци. Граѓаните велат, во овие делови од градот, до пладне тешко ќе биде движењето.
Иако не се дел од општинскиот приоритетен план, апелираат во иднина да се прават напори за почисти улици и во овие делови од градот. Велат, студот не ги плаши толку, колку актуелните состојби во енергетскиот сектор.
Освен од евентуални рестрикции стравуваат и од најавите за поскапување на електричната енергија по Нова година.
Чувствата оправдани ако се знае како изгледат битолските сибирски зими. Инаку од синоќа, отворени се и славините на надворешните чешми, а време е да се заштитат и водомерите.
Стевче Митревски
