Македонија

Владата ќе достави до Собранието Предлог-одлука за продолжување на рокот на кризната состојба за уште шест месеци

01.12.2021 14:06

Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија...

Владата на денешната 123-та седница, којашто се одржа преку интернет комуникациска врска, го утврди текстот на Предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Северна Македонија, заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со оваа Предлог-одлука му се предлага на Собранието на Република Северна Македонија да одобри продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија во наредните шест месеци, односно до 9-ти јуни 2022-ра година.

Предлогот за продолжување на рокот на кризната состојба има за цел да обезбеди континуитет во спроведувањето на мерките и активностите за надминување на состојбата во снабдувањето со електрична енергија, соопштуваат од Владата.