Расте интересот кај младите за вакцинација против Ковид-19
Над 96.000 дози вакцини против Ковид- 19, се аплицирани на пунктот во Куманово. Од оваа здравствена установа информираат дека периодов најмногу интерес има кај помладите за прва доза. Располагаат само со вакцината „Фајзер“, иако има реакции од дел од граѓаните, кои бараат да се имунизираат со други вакцини.

Непречено се одвива имунизацијата во вакционалниот пункт на Здравствениот дом во Куманово. Од почетокот на пандемијата на овој пункт се аплицирани над 96.000 дози вакцини, односно две вакцини против ковид 19 примиле над 45.000 граѓани од североистокот. Периодов информираат надлежните поголем интерес има кај помладите лица за прва доза. Пунктот располагаат само со вакцината „Фајзер“.
„Има граѓани кои се премислуваат и прашуваат во однос на типот на вакцината која ја аплицираме, но моментално во нашата држава воглавно се аплицира вакцината Фајзер како за прва, втора и трета доза, така што таа ни е достапна и таа ја нудиме на граѓаните. Младите најчесто од почетокот на вакцинацијата беа заинтересирани за вакцината Фајзер бидејќи е признаена и за патувања и е поефиксна вакцина во однос на другите вакцини“, изајви д-р Монализа Мемети, од Здравствен дом Куманово.
Од пунктот во Куманово, кој е и регионален центар за снабдување со вакцини против Ковид- 19 во североистокот, укажуваат дека интерес има и за трета доза, вообичаено кај повозрасните лица. Досега со трета доза се имунизирани 3.600 граѓани.
„Со втора доза, прва примив претходно, сега втора. Реакција немав никакви два-три дена ме болеше раката и толку. Апелирам и другите да се вакцинираат, вакцината е спас“, вели една кумановка.
Здравствените работници посочуваат дека во ист ден може да се прими вакцината против сезонски грип и вакцината против Ковид-19, но убодот да не биде во истата рака.
Елена Георгиевска
