ЕУ треба да докаже дека е за проширување
Без оглед дали земјата ќе добие датум во декември или во наредните шест месеци, ќе биде потребна долгорочна стратегија за продолжување на реформите, сметаат експертите за евроинтеграции. Вицепремиерот Димитров со став ако зајакнувањето на отпорноста на Унијата е една од точките што ја засегааат иднината на ЕУ, тогаш токму регионот е виталната точка за остварување на оваа цел...
За надминување на застојот во проширувањето, регионот треба да испрати јасна порака за заедничко работење и за надминување на отворените прашања. ЕУ треба да покаже дека ја разбира стратегиската важност на проширувањето во регионот, истакна вицепремиерот Димитров во Црна Гора.
„Ако зајакнувањето на отпорноста на Унијата е една од точките што ја засегаат иднината на Европа, тогаш токму регионот е виталната точка за остварување на оваа цел. Успехот на европското досие на Северна Македонија е клучно ако сакаме европскиот политички билет да биде добитен“, рече вицепремиерот Димитров.
Незапочнувањето на преговорите има негативно влијание врз реформите за приближување кон ЕУ, посочуваат од Институтот за европска политика. Без разлика дали датум за преговори ќе се случи во декември или во наредните шест месеци, земјава мора да подготви долгорочна стратегија за реализација на реформите, оценуваат аналитичарите.
Според директорката на Институтот за европска политика, Симонида Кацарска, има стагнација, дури и назадување во одредени области што е последица на замореноста од ветувањата на брисел за почетокот на преговорите што досега не се случило.
Ирина Гелевска