Засега нема задолжителна вакцинација против Ковид-19
Според министерот, мерката со матичните лекари е добро замислена, а нивниот финансиски надоместок од 30 денари по пациент, ќе биде еднократно исплатен кон почетокот на летото.

Засега нема да се спроведува мерката за задолжителна вакцинација за здравствените работници и вработените во државната администрација и локалната самоуправа. Министерот за здравство Венко Филипче се надева дека преговорите со матичните лекари ќе вродат со плод за да се зголеми интересот за имунизација.
Според министерот, мерката со матичните лекари е добро замислена, а нивниот финансиски надоместок од 30 денари по пациент, ќе биде еднократно исплатен кон почетокот на летото.
Одредено време ќе се согледува дали укажувањата на матичните лекари ќе помогнат, а потоа не се исклучува некоја дополнителна мерка за задолжителна вакцина, согласно со примерите од другите земји, смета министерот Филипче.
Во однос на можните ограничувања на движењето, Филипче рече дека карантин во овие услови со над 50 насто вакцинирано население, не е опција.
Марија Котовска