Продолжување на енергетската кризна состојба за шест месеци
Предлог- одлуката ќе биде доставена до Собранието. Целта е да се обезбеди континуитет во снабдувањето со струја за компаниите и домаќинствата.

Владата донесе одлука за продолжување на енергетската кризна состојба за уште шест месеци. Предлог- одлуката ќе биде доставена до Собранието. Целта е да се обезбеди континуитет во снабдувањето со струја за компаниите и домаќинствата.
Од Владата информираат дека ЕСМ го зголемува домашното производство на електрична енергија, засилен е ископот на јаглен во РЕК Битола, набавени се 90.000 тони јаглен од Албанија. Јавниот повик за 810 илјади тони ќе биде отворен цела 2022-ра година.
И ВМРО- ДПМНЕ побара да се закаже собраниска седница на која ќе биде продолжена енергетската кризна состојба. Од опозициската партија бараат да се предвидат пари за субвенционирање на електрична енергија за граѓаните и компаниите и да се обезбедат пари за општините.
Владата на 9-ти ноември донесе одлука за воведување кризна состојба во траење од 30 дена заради недостиг на домашна електрична енергија и поради зголемените цени на светските пазари.
Дијана Ценевска
