410 нови случаи со Ковид-19, починати десет лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.

Во последните 24 часа направени се 2.674 тестирања, а регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 185, Битола – 31, Прилеп – 22, Охрид и Струмица – по 15, Велес, Кавадарци и Штип – по 14, Куманово – 13, Тетово и Кочани – по 10, Делчево – 8, Крива Паланка и Пробиштип – по 6, Радовиш, Валандово и Демир Хисар – по 5, Берово, Кратово и Крушево – по 4, Неготино – 3, Гевгелија, Свети Николе, Ресен, Виница, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Струга, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 290 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62 г, 69 г, 70г, 75 г, 80 г и 94 г), и по едно починато лице од Прилеп (88), Охрид (58 г), Велес (57 г), и Тетово (50 г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 27.11.2021. Починатото лице е од Гостивар, на возраст од 68г, невакцинирано и починато во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, бројот на оздравени пациенти е 200.293, на починати е 7.592, а бројот на активни случаи изнесува 8.110.
Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19.
