Промовирана монографијата „Антика во североисточниот дел од Македонија“

01.04.2014 10:12

Промовирана монографијата“Антиката во североисточниот дел на македонија“од археологот Звонимир Николовски.Според експертите,македонската наука добива значаен научен труд за развојот на македонската археологија...

Монографијата „Антика во североисточниот дел од Македонија“ од архелогот Звонимир Николовски  преставува сеопфатен научен материјал, содржан во конкетскот на атниката во три големи целини Куманово, Кратово и Крива Паланка и во  континуитет во подосоговијето. Во книгата опфатени се различни типови на населби, нивната стратешка позиција, комуникација, културниот и стопанскиот развој, со што се дава хронолошки профил на овој регион од државата.

„Истражувањата покажуваат дека тромеѓето од доцната антика помеѓу провинциите Дакиа Медитеранеа, Македонија Втора Салутарис и провинцијата Дарданија која го зафаќа западниот дел од регионот се наоѓа токму на овој простор“, вели д-р Звонимир Николовски.

Со издавањето на монографијата,македонската наука добива значаен научен труд,кој дава свој придонес  за развојот на македонската археологија, смета стручната јавност.

„Неговата обработка е многу значајна затоа што се однесува на сите можни случувања кои се карактеристични за протоисторискиот и воглавно за античкиот период на овој дел од Македонија“ изјави д-р Марина Ончевска-Тодоровска, арехолог во Музејот на град Скопје.

„Сметам дека ова книга ќе биде доста корисна за идните генерации кои треба да ја користат не само како научен труд, туку ќе имаат можност да се сретнат и со сите оние искуства кои тој ги внел во ова негово истражување“, додава м-р Киро Ристов, арехолог во Музеј на град Скопје.

Ова е едниствено  научно дело кое содржи значајни архелошки инфомации за регионот и е дел од докторскиот труд на Николовски презентиран на Факултетот за архелогија во Белград.Издавач на монографијата е Кумановскиот музеј со финансиска подршка на Министерствтво за култура на РМ.

 

Габриела Димковиќ