Заврши идентификацијата на жртвите од автобуската несреќа во Бугарија
Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.

Идентификуванисе сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма, соопшти заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА. Нивната идентификација е направена со ДНК профили.
Вчера, со указ на јавниот обвинител, дадено е одобрение посмртните останки на жртвите да им бидат предадени на претставници на Владата на Република Северна Македонија за транспорт и трансфер на нивните роднини, рече Сарафов.
Бугарската влада ќе помогне во транспортот со обезбедување на воен авион.
