Какво влијание имаат исхраната и физичката активност врз имунитетот?
Имунолошката функција се менува во текот на целиот животен век, со разлики кои се очигледни во одредени фази. Редовното вежбање, како и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на предизвиците во сите фази од животот.

Имунитетот е способност на човечкиот организам да се брани од инфекции и болести. Имунолошкиот систем е составен од различни клетки, ткива и молекули.
Имунолошката функција се менува во текот на целиот животен век, со разлики кои се очигледни во одредени фази. Редовното вежбање, како и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на предизвиците во сите фази од животот. Физичка активност доведува до побрзо испуштањето на бактериите од белите дробови и дишните патишта. Ова ја намалува можноста да заболите од настинка, грип или друга болест.Покрај ова, вежбањето предизвикува промена и на антителата и белите крвни клетки (клетките на имунолошкиот систем на организмот кои се борат со болести). Овие антитела при вежбање и забрзување на метаболизмот циркулираат побрзо, така што побрзо можат да детектираат инфекција во Вашиот организам и да се борат со нејзе.
Редовната физичка активност и навиките во исхраната се важни фактори кои имаат значително влијание врз тоа колку добро имунолошкиот систем реагира на секој предизвик. Затоа, и покрај тоа што сте дома, хранете се умерено и практикувајте физичка активност.
Имунитетот не е важен само за борбата со вирусните инфекции и другите заболувања за кои сè уште немаме пронајдено соодветен начин на лекување. Тој е доста значаен и општо, за она што се нарекува квалитет на живот. Колку често ќе бидеме болни, како ќе се чувствуваме, какви последици ќе имаме по заболувањата
Редовното вежбање е една од основите на она што значи здрав начин на живот. Докажано го подобрува кардиоваскуларното здравје, го намалува крвниот притисок, помага во регулирање на телесната тежина и не штити од различни други заболувања. Како и здравата исхрана, вежбањето може да помогне во општата здравствена состојба на организмот, а преку тоа и на имуниот систем. Може да помогне и на подиректен начин и тоа преку зголемување на циркулацијата, овозможувајќи им на имуните клетките и другите имуни супстанции полесно да се движат насекаде низ телото и со тоа полесно да си ја вршат работата. Оттука може да се заклучи дека редовната физичка активност треба да се практикува.
Катерина Стојановска
