Плетена облека

02.12.2021 09:06

Блузите се традиционални за студените денови. Нудат удобност, топлина и многу можности за комбинирање со другите делови на облеката. Плетени се и фустаните, во различни модели и различна должина. За да биде потопло, убаво е горниот дел да биде во форма на ролка.

Новата сезона на голема врата, повторно ги внесе плетените работи во гардеробата. Притоа, плетено може да биде сѐ, од глава до петици.

Блузите се традиционални за студените денови. Нудат удобност, топлина и многу можности за комбинирање со другите делови на облеката.

Плетени се и фустаните, во различни модели и различна должина. За да биде потопло, убаво е горниот дел да биде во форма на ролка.

Здолништата, изработени на овој начин, се пријатни за носење и лесни за оддржување.

И панталоните може да бидат направени од овој материјал. Обично се широки и комотни, ќе обезбедат слобода на движење во текот на целиот ден.

Што се однесува до боите, има широк избор, од неутрални бежови, пастелни, јаки бои па до животински принт.

Аида Николовска