Здравство

Активни 8.110 ковид- случаи во земјава

02.12.2021 09:16

Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа при направени 2.674 тестирања, регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19, 10 починати и 290 оздравени пациенти.

Бројот на активни ковид случаи во државава изнесува 8.110, од кои најголем број 3820 се во Скопје. Согласно вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, за изминати 24 часа при направени 2.674 тестирања, регистрирани се 410 нови случаи на Ковид-19, 10 починати и 290 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.474.094 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 215.995, на оздравени пациенти е 200.293, а на починати е 7.592.