Ковид-19

Гутереш: Затворањето на границите е неправедно и неефикасно

02.12.2021 09:30

„Со вирусот кој не познава граници, рестрикциите на патувањата коишто изолираат една земја или регион не се само длабоко неправедни и казнувачки, туки тие се и неефикаслни“, изјави Гутереш за новинарите додавајќи дека го смета „скандалозно“ осудувањето на Африка поради тоа што не е вакцинирана.

Затворањето на границите поради омикрон варијантата на коронавирусот е длабоко неправедно, казнувачко и неефикасно, изјави Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, нарекувајќи го тоа форма на апартхејд кон Африка.

„Со вирусот кој не познава граници, рестрикциите на патувањата коишто изолираат една земја или регион не се само длабоко неправедни и казнувачки, туки тие се и неефикаслни“, изјави Гутереш за новинарите додавајќи дека го смета „скандалозно“ осудувањето на Африка поради тоа што не е вакцинирана.

Споменувајќи ја Јужноафриканската Република којашто на 24-ти ноември ја пријави појавата на варијантата омокрон поради што многу земји во светот ги затворија границите за нејзините и граѓаните од соседните држави од југот на Африка, челникот на ОН оцени дека земјите не би смеело да бидат „колективно казнувани бидејќи индентификувале и споделиле клучни научни и еподемиолошки информации со светот“. Тоа е „неправедно“ и „неморално“, повтори Гутереш.

„Оттаму, упатувам силен апел, апел на разум. Имаме инструменти да патуваме безбедно. Да ги искористиме тие инструменти за да го избегнеме овој вид апартхејд кој го сметам за неприфатлив“, истакна Гутереш.

Африканскиот континент не располага со доволно вакцини за своето население, ги нема неопходните финансиски ресурси за закрепнување на еклономијата, ги трепи најтешките последици од климатски промени иако за тоа не придонела, а ги нема ниту потребните ресурси за создавање на отпорност на својата популација, рече шефот на ОН.