Полско- американски конгрес: Полноправно членство на Македонија во НАТО
Полско- американскиот конгрес силно верува дека НАТО проширувањето во централна и во источна Европа ќе ја зајакне безбедноста во регионот...

Безусловна поддршка за полноправно членство на Македонија во НАТО на самитот во Британија, во писмо до Обама упати полско американскиот конгрес, глас на повеќе од 12 милиони американци со полско потекло, информира Обединетата македонска дијаспора.
Полско американскиот конгрес силно верува дека НАТО проширувањето во централна и во источна Европа ќе ја зајакне безбедноста во регионот, а во однос на моменталната криза во Украина и Крим, посебно со навлегувањето на Русија во регионот, чувствуваме дека НАТО треба да ги отвори вратите оваа година за нашите сојузници како што е Македонија, се вели во изјавата на претседателот на полско американскиот конгрес, Френк Џ. Спула.
