Македонија

МВР: Во Скопје санкционирани 144 возачи, 33 за брзо возење

02.12.2021 09:34

Министерството за внатрешни работи информира дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли...

Во засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 144 мерки, меѓу кои 33 за возење над дозволената брзина, 13 за возење без возачка дозвола, 21 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 35 за непрописно паркирање.

Министерството за внатрешни работи информира дека и во наредните денови продолжуваат засилените акциски контроли и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.