Пандемија

ЕУ: Вакцини за деца против Ковид-19 од 13-ти декември

02.12.2021 10:19

Во време кога новиот сој на вирусот – Омикрон го загрижува светот, Фон дер Лајен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против Ковид-19 произведени од Фајзер/Бионтек ќе бидат достапни во Европската унија на 13 декември.

На прес-конференција посветена на текот на пандемијата и појавата на новата варијанта Омикрон, таа исто така рече дека се согласува во Европската унија да се одржи „дискусија“ за задолжителната вакцинација.

Во време кога новиот сој на вирусот – Омикрон го загрижува светот, Фон дер Лајен во однос на задолжителната вакцинација оцени дека е „соодветно и разумно да се разговара сега“, наведувајќи дека тоа е нејзин „личен став“.

Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) препорача децата на возраст од пет до 11 години да се вакцинираат против Ковид-19.