Утре ќе бидат транспортирани останките на загинатите во автобуската несреќа
Телата на 45 наши сограѓани, кои пред десет дена ги загубија животите на автопатот „Струма“, во земјава утре ќе бидат пренесени од Софија со авион, додека од Меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, посмртните останки ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови...

Заврши идентификацијата на телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Телата на 45 наши сограѓани, кои пред десет дена ги загубија животите на автопатот „Струма“, во земјава утре ќе бидат пренесени од Софија со авион, додека од Меѓународниот аеродром Скопје, преку организиран државен протокол, посмртните останки ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови.
Автобусот на компанијата „Беса транс“ рано утрината на 23-ти ноември се запали, при што 45 патници загинаа, а седум беа повредени. Се враќаа од Истанбул кон Скопје, а вкупно четири автобуси беа дел од турата што ја организирала компанијата во Турција.
Истрагата за автобуската несреќа сѐ уште е во тек. За трагедијата има две претпоставки-човечка грешка или несоодветна патна сигнализација. Сѐ уште е непознато како дошло до избувнување на пожарот.
