Ковид-19
Меркел: Задолжителна вакцинација од февруари
02.12.2021 11:24
Меркел го зголемува притисокот на невакцинираните во земјата. Препорачува на луѓето кои не се потполно вакцинирани против Ковид-19 да им се забрани одењето во ресторани, кина и продавници кои не се неопходни.

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел го зголемува притисокот на невакцинираните во земјата. Препорачува на луѓето кои не се потполно вакцинирани против Ковид-19 да им се забрани одењето во ресторани, кина и продавници кои не се неопходни.
Исто така, повикува на задолжителна вакцинација против Ковид-19 почнувајќи од февруари 2022 година.
Поради надолниот тренд на четвртиот бран на епидемијата, Словенија, пак, не размислува за воведување задолжителна вакцинација.
