Свет
ЕУ: Проширена листа на санкционирани белоруски службеници
02.12.2021 11:46
Станува збор за 17 функционери и 11 субјекти чии имиња се додаваат на црната листа на ЕУ за Белорусија...

Советот на европските министри и официјално треба да го одобри договорот за проширување на списокот на ЕУ со 28 функционери и субјекти во Белорусија кои се сметаат за одговорни за мигрантската криза во организацијата на Минск.
Станува збор за 17 функционери и 11 субјекти чии имиња се додаваат на црната листа на ЕУ за Белорусија, која веќе има 166 имиња, меѓу кои и претседателот Лукашенко, неговите двајца синови и 15 ентитети поврзани со белоруските власти.
