Кривичен суд

Случајот „Плацеви на Водно“ продолжува со сослушување на сведоци

02.12.2021 12:05

Во Кривичниот суд Скопје се сослушува сведокот Менка Макаревска, која во својство на адвокат ја објаснува процедурата на регистрација на фирмата „Сирах Инжинеринг“, која според обвинението се јавува како купувач на плацовите на Водно. Воедно, денеска свое сведочење во овој предмет треба да даде и Миле Јанакиевски, поранешен министер за транспорт и врски.

Судењето за случајот „Плацеви на Водно“, денеска продолжува со искази на сведоци предложени од обвинителството.

Во Кривичниот суд Скопје се сослушува сведокот Менка Макаревска, која во својство на адвокат ја објаснува процедурата на регистрација на фирмата „Сирах Инжинеринг“, која според обвинението се јавува како купувач на плацовите на Водно. Воедно, денеска свое сведочење во овој предмет треба да даде и Миле Јанакиевски, поранешен министер за транспорт и врски.

Овој случај го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“, неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.