Договорот за добрососедство не се исполнува
Преговорите меѓу министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија ќе продожат по изборот на новата влада. Сѐ уште е рано да се каже каков ќе биде курсот на дијалогот, вели бугарскиот амбасадор во земјава Ангелов. Смета дека Македонија не го исполнува целосно Договорот за добрососедство. Според Уставот на Бугарија, малцинствата немаат колективни права, но им се гарантираат индивидуалните, вели Ангелов...
Го прекршува ли Бугарија договорот за добрососедство со игнорирањето на 16-те пресуди од Европскиот суд за човекови права кои се во полза на македонското малцинство во Бугарија, но и со честите забелешки дека се прекршуваат правата на бугарското малцинство кај нас. Бугарскиот амбасадор Ангелов смета дека ова се погрешно поставени тези, бидејќи според бугарскиот Устав, малцинствата во Бугарија немаат колективни, туку само индивидуални права.
„Ние не признаваме малцинства, сите се граѓани и се еднакви пред законот во Бугарија, односно не признаваме колективни права и секој има индивидуално право да се чувствува како сака и никој не може некому да го забрани тоа. И уште една погрешна теза, ние никогаш не сме претендирале дека има бугарско малцинство во Република Северна Македонија“, изјави Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Македонија.
Северна Македонија не го исполнува Договорот за добрососедство со Бугарија, за кој сметаме дека треба да се исполнува во сите негови аспекти, изјави амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, при денешната негова посета во Штип.
За утре е закажана првата седница на новиот бугарски парламентарен состав и според амбасадорот Ангелов, изборот на политичка влада е ќе биде тежок процес заради распоредот на силите во парламентот.
Славица Величковска
